Рециклирање на текстил
За нас
Во свет каде што одржливоста станува дел од секојдневниот бизнис, Грин Еко Солушн Груп ДОО е Ваш стратешки партнер за ефикасно, одговорно и законски усогласено управување со текстилен отпад.
Основани во јануари 2025 година и овластени со дозвола за постапување со текстилен отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина (Сектор за управување со отпад) од 24.02.2025 година, заведена под Арх Бр. 11-870/2, ние сме дел од новата генерација компании во Република Северна Македонија која нуди, комплетно решение за текстилниот отпад – од собирање до рециклирање, преку промовирање, координирање и финансирање на активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад.
Нашата основна дејност управување со текстилен отпад е водена од начелото „загадувачот плаќа“ и е целосно усогласена со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, со цел да се исполнат националните еколошки цели.
Ги поддржуваме и сме отворени за соработка со сите производители и увозници на текстилни производи, во исполнување на нивните законски обврски да воспостават систем за управување со текстилниот отпад, притоа создавајќи долгорочна вредност – и за компаниите и за животната средина.
Во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, кој стапи во сила на 17 септември 2021 година, сите компании што произведуваат или увезуваат текстилни производии и ги пласираат на македонскиот пазар се обврзани да обезбедат ефикасен систем за собирање, селекција и третман на отпадот, што се создава по завршувањето на животниот циклус на нивните производи користени од страна на крајните потрошувачи. Исклучок од оваа обврска се однесува само на правни лица кои пуштиле во промет или увезле во Република Северна Македонија помалку од 10 килограми текстил годишно, согласно член 20 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Со развој на национална инфраструктура за собирање на селектираниот текстилен отпад, едукативни програми и соработка со индустријата и граѓаните, нашата мисија е јасна:
“Да го трансформираме текстилниот отпад во ресурс и да придонесеме за почиста, поодржлива иднина.”
Нашата визија е значително намалување на количината на текстилен отпад во земјата, а тоа ќе го постигнеме преку промовирање на индивидуална и колективна еколошка одговорност, како и преку континуирана едукација и поддршка на практики за рециклирање и повторна употреба на текстилот.
Грин Еко Солушн Груп ДОО – каде што одговорноста станува можност за промена.
Ја предводиме трансформацијата кон одржлива текстилна индустрија во Република Северна Македонија.
Придружете ни се – заедно можеме повеќе.
Подготвени сме за соработка. Контактирајте не денес!
Главна цел е да создаваме зелена средина!